Парфемите на AVON најбарани на македонскиот пазар

Македонците сакаат да мирисаат убаво и затоа редовно издвојуваат финансии за да си го купат омилениот парфем, кој, според продажните статистики, веќе неколку години наназад, произлегува токму од палетата на парфеми која се нуди во брошурите на Avon.

parfemite-na-avon-najbarani-na-makedonski-pazar-01.jpg

Сепак, ова не е специфика само на домашниот пазар туку козметичкиот гигант спроведе големо светско истражување со цел да увиди како потрошувачите ги оценуваат нивните парфеми во споредба со оние од други компании. Во истражувањето биле вклучени 4800 учесници од 14 градови во 4 различни држави и биле користени 8 мириси на AVON наспроти 8 парфеми од други луксузни брендови. Без да знаат кој е кој, тие имале за задача да го одберат парфемот што повеќе им се допаѓа, а производите на AVON биле апсолутен победник.

Учесниците воедно забележале дека купувајќи ги тие мириси добиваат најдобар квалитет за најповолна цена, а победници на големиот тест на мириси се женските парфеми Little Black Dress, Incandessence, Perceive, но и машкиот мирис Full Speed кои се нудат во актуелните брошури на Avon и кај нас.

parfemite-na-avon-najbarani-na-makedonski-pazar-04.jpg

parfemite-na-avon-najbarani-na-makedonski-pazar-03.jpg

parfemite-na-avon-najbarani-na-makedonski-pazar-02.jpg

Следејќи ги потребите и желбите на потрошувачите, AVON неодамна објави дека почнува да соработува со светски реномираниот дизајнер Кензо Такада, кој застана со свој потпис и личен дизајн зад новата линија на мириси кои есенва ќе пристигнат и во Македонија. Со тоа, бројот на престижни имиња од светот на модата и козметиката кои соработувале со AVON, постојано се збогатува.

Експертите во компанијата посочуваат дека убавиот мирис треба да се знае и како да се носи. Токму затоа, тие се континуирано посветени на постојана грижа и давање совети на своите купувачи. Една од главните препораки е дека парфемите треба да се користат со мерка и никогаш да не се претерува. Од AVON истакнуваат и дека мирисот треба да одговара на приликата така што за вечерните излегувања најдобар избор кој зрачи со безвременски, универзален гламур е бестселерот Little Black Dress, додека за дамите кои сакаат да ги заведат останатите со нивниот шарм, го издвојуваат парфемот Avon Femme.

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сè – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот.

Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncosmetics.com.mk

Би можело да ве интересира:

Тематска забава со диносауруси за Киан - Антониа и Роберт го прославија првиот роденден на синот Еден ден по првиот роденден на Киан, Антониа и Роберт направија голема забава за...
Кучето-херој од пожарот во Расадник се врати дома и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè изра... Македонска куклена претстава освои 3 награди на Интернационален фестивал, собран...
Даниел Кајмакоски и сопругата Марина добија ќерка: „Мојата најголема авантура започна“ Даниел Кајмакоски откри дека со сопругата Марина добија ќерка - Емилија. Дани...
Сања и Перо на романтичен викенд во Грција: Љубовта е во воздухот (фото) Перо Антиќ, и неговата девојка, Сања Ристиќ, уживаа на романтичен викенд во Грци...
Александра Шијакоска шик за 31-от роденден: Бисери, корсет и животински принт за забавата во Битола Алејсандра Шијакоска вчеравечер направи роденденска забава, а се дотера во текса...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg