Тематска забава со диносауруси за Киан - Антониа и Роберт го прославија првиот роденден на синот
- Детали
- вторник, 16 јули 2024
Еден ден по првиот роденден на Киан, Антониа и Роберт вчеравечер (15.07) направија голема забава за синот, со многу гости и тематска забава со диносауруси.
Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски направија роденденска забава за синот Киан кој на 14.07 наполни една година.
Роденденот беше со „дино“ тематска забава, па насекаде имаше балони и украси со диносауруси.
За роденденот на Киан, имаше и украсно „табло“ на кое беа негови фотки од раѓањето до роденденот.
Покрај фотографиите стоеше и порака „Добредојдовте на првиот роденден на Киан“.
Тортата беше украсена со фигури диносауруси, свеќичка со бројот 1 и името на славеникот - Киан.
За роденденот на синот, Антониа избра едноставен тесен сив фустан, кој ја истакна нејзината витка става, а косата ѝ беше врзана во опавче.
На забава со многу гости и блиски на Антониа и Роберт, Киан беше „главен“, а по фотките и видеата што ги споделија на Инстаграм Стори се гледа дека тој одлично се забавува.
Еден ден пред забавата, Антониа и Роберт споделија фотографии од Киан на своите Инстаграм профили и првпат по една година го покажаа лицето на својот син.
Погледнете повеќе фотографии од роденденот на Киан:
Прочитајте и Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“
А. Ј. | Црнобело