AVON го објавува глобалното партнерство за мириси со Кензо Такада - AVON LIFE by Kenzo Takada оваа есен пристигнува во Македонија

05.04.2016 г. – Денес, Корпорацијата Avon Products го голема чест и радост го објавува новото глобално партнерство со светски познатиот дизајнер Кеnzo Takada.

avon-go-objavuva-globalnoto-partnerstvo-za-mirisi-so-kenzo-takada-avon-life-by-kenzo-takada-ovaa-esen-pristignuva-vo-makedonija-01.jpg

Признат како водечки светски дизајнер, Кenzo Takada ја основа својата истоимена луксузна модна куќа во Париз, во 1970-та година, со што стана првиот луксузен бренд основан од Јапонец, а со седиште во Париз. Овој дизајнер е познат по креирањето на иновативни стилови, но и по неговите најпродавани мириси кои во себе ги обединуваат најдобрите елементи од Истокот и Западот. Неговиот авангарден изглед ја направи неговата колекција омилена за познатите личности од А-листата. Во секој дизајн, Кenzo Takada ја нагласува убавината и позитивноста – лична мантра која соодветствува со основната порака која лежи во основата на AVON.

Во првата фаза од партнерството, Kenzo Takada ја инспирира фантазијата преку неговата зашеметувачка нова колекција на мириси, дизајнирана ексклузивно за AVON. AVON LIFE by Kenzo Takada е нова линија на мириси, развиена околу ветувањето да се Живее Животот Убаво, а во која е вградена непоколебливата позитивност која лежи во срцето на дизајните и самата личност на Кenzo Takada. Таа содржи мирис за мажи и мирис за жени и истата ќе биде лансирана на македонскиот пазар на почетокот на октомври оваа година.

Покрај претходно креираните премиум мириси, сакав да работам со AVON за заеднички да создадеме нова колекција со голема достапност до жените од целиот свет, вели Кenzo Takada. “Моето искуство со тимот на AVON беше неверојатно. Благодарение на нивната страст, позитивност и енергија, создадовме безвременска и карактеристична линија мириси која го пренесува раскошот на природата, убавината и позитивноста. Воодушевен сум од крајниот резултат.

Кenzo Takada е вистински визионер и целосен професионалец, изјави Фернандо Акоста, Извршен Потпретседател и Маркетинг менаџер во AVON. Тој лично работеше со нашиот тим за да го развие секој аспект од овие мириси, од миризливите ноти, па сѐ до дизајнот на шишенцата. Неговата визија е неспоредлива, а неговото чувство за оптимизам и убавина е слично со она за што AVON се залага. Ние сме среќни што го склопивме ова партнерство и нетрпеливо го очекуваме нашиот следен заеднички чекор.

Покрај лансирањето на мирисите, AVON и Kenzo Takada соработуваат и на модна линија со инспиративни парчиња, која ќе биде достапна во текот на 2017-та година.

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com

За Kenzo Takada

Kenzo Takada е првиот Јапонски дизајнер на висока мода во Париз. Во 1970-та година, тој го основа својот бренд - KENZO, кој содржи мириси, производи за нега на кожа и облека. По купувањето на брендот од страна на корпорацијата LVMH во 1993-та година, Kenzo Takada заминува од LVMH во 1999-та година за да влезе во модниот свет со неговото лично име. Тој е почесен Претседател на Азиската Модна Федерација.

   avon-go-objavuva-globalnoto-partnerstvo-za-mirisi-so-kenzo-takada-avon-life-by-kenzo-takada-ovaa-esen-pristignuva-vo-makedonija-02.jpgКenzo Takada, вонсерискиот јапонско-француски моден дизајнер, го објавува партнерството за мириси со Avon Cosmetics Inc.

Би можело да ве интересира:

Мартин од „Некст тајм“ на романтично патување во Рим со сопругата, убавата ракометарка Андреа (фото) Мартин Филиповски, едниот од близнаците од дуото „Некст тајм“ е на романтично па...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Маја Кикириткова стана бринета, Елена Стојановска ужива во Мексико: Што прават македонските ѕвезди н... По 9 години Маја Кикириткова одлучи да се збогува со русата коса, Борко Ристовск...
Шеф Марк го прослави роденденот со сопругата на егзотично патување во Бали По патувањето во Мароко, готвачот Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка замина...
На 51 година почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, која маестрално ја глумеше Кармен Вчера (24.09) во Скопје почина Ирена Кавкалевска, мецосопран и првенка на Национ...
Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg