Отворена втората експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во населбата Аеродром

28.12.2015 г. (Скопје) - Денес во 12 часот официјално беше отворена 27-та експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во населбата Аеродром, која е втора експозитура во тој реон.

otvorena-vtorata-ekspozitura-na-sparkase-banka-makedonija-vo-naselbata-aerodrom-1.jpg

„Најголемиот приоритет на Шпаркасе Банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, ние како банка се грижиме и за достапноста на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, затоа што веруваме дека тоа е од големо значење за секој поединец. Потребата да се отвори уште една експозитура во населба Аеродром е само показател дека како банка успеваме да ја реализираме целта за што повеќе задоволни корисници, кои се дел од семејството на Шпаркасе“ – изјави директорката за управување со физички лица на Шпаркасе Банка, г-ѓа Викторија Јовановска.

На отворањето што започна со официјално обраќање на претставниците на Шпаркасе Банка Македонија, беа присутни и  многубројни гости и клиенти на Банката од општината Аеродром, по што следуваше и забавен дел за најмладите во друштво на популарните Медо Штедо и неговата другарка Медена. Програмата продолжува во 18 часот, со забава за повозрасните, кои ќе имаат можност да уживаат во настапот на музички бенд што ќе се погрижи за создавање топла празнична атмосфера за жителите на општината Аеродром.

Дел од стратегијата на Шпаркасе Банка е доближување до своите корисници преку проширување на својата мрежа и отворање што повеќе експозитури, со цел услугите и продуктите да бидат подостапни за што повеќе граѓани. Новата експозитура е модерно опремена, по најнови стандарди и на своите клиенти им нуди поголема достапност, квалитет и навремено исполнување на најразличните барања и потреби.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. 

Шпаркасе Банка Македонија зaедно со другите банки-ќерки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 билиони евра, 6.200 вработени, 500 експозитури и регионални центри и 14.000 банкомати опслужува околу 2,4 милиони клиенти во Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Охрид сама направи роденденски декорации за ќеркичката: „Потрошив 3 пати помалку пари, а ни... „Не сум тип кој ангажира студија за декорации, сакам да ја користам мојата креат...
Некогаш и сега: Како изгледаат водителите на најпопуларните емисии од 2000-те кај нас? Ги паметите ли „99 action“, „Дај побрзај“, „Вртелешка“, „Кој сака да биде милион...
Низ публиката на Златна Бубамара 2024 (фото) Златна Бубамара е чиста емоција, вистинско уживање за сите генерации, непресушен...
Емотивен Фејсбук статус: „Најубавата честитка од детенце со аутистичен спектар на нарушување“ Авторката на книгата „Гласот од тишината” Амела Мемиш Апостоловска вчера на нејз...
„Бесценети моменти“ - Ракометарот Филип Талески ужива на Мајорка со сопругата и двете деца (фото) Забава со децата во базен, прошетки на плажа и низ шармантните улички, но и доте...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg