Долгоочекуваниот календар на Пелистерка за 2016-та со ракометарките на Вардар (фото)

Андреа Лекиќ, Татјана Хмирова, Амандин Лејно, Сираба Дембеле, Андреа Пенезиќ, Ања Алтхаус, се само дел од звучните ракометни имиња на женскиот тим на „Вардар“ кои се најдоа на страниците на календарот на „Пелистерка“ за 2016 година.

dolgoocekuvaniot-kalendar-na-pelisterka-za-2016-ta-so-rakometarkite-na-vardar-001.jpg

Со денешната промоција на шестиот по ред календар, „Пелистерка“ ја почнува својата нова кампања под мотото: Во совршена форма.

Темата на годинашниот календар ги спојува водата, спортот и модата, а ракометарките на „Вардар“ извонредно ја претставуваат таа заедничка совршена форма. Девојките, кои на терен сме навикнати да ги гледаме во многу поинакво, спортско издание, за потребите на календарот покажаа дека спортот и модната елеганција можат да бидат совршена комбинација.

- Како компанија со искуство повеќе од 60 години на пазарот, секогаш е големо задоволство да ги поставуваме трендовите и во нашата индустрија, но и генерално во општеството. Токму затоа, на проектите кои станаа заштитен знак на „Пелистерка“, соработуваме со најдобрите и најатрактивните жени во нашето општество и заедно правиме производ кој ќе претставува комплетно нова и различна визија од сето претходно – истакна Тања Панделеска, маркетинг-директорката на „Пелистерка“ на денешната промоција.

Снимањето на календарот се одвиваше на познат терен за ракометарките, во нивниот матичен спортски центар „Јане Сандански“. На теренот каде што секојдневно тренираат и победуваат, девојките го покажаа својот сексапил пред објективите на фотографскиот тандем Ани и Дими. Продуцент на календарот е Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка“, извршен продуцент е Света Богова-Јовановска од „Фешн викенд Скопје“, а графичкиот дизајн е на Анита Гај. За шминката и фризурата на девојките се погрижи Зоран Шурбевски, стилист е Јована Зука, додека модниот дизајн е на Јована Филиповиќ.

Од компанијата „Пелистерка“ велат дека објавувањето на календарот стана традиција, а неговата промоција се претвори во значаен настан кој јавноста со нетрпение го очекува.

- Среќна сум што можам да ви го покажам календарот за 2016 година, во кој во полна физичка сила, неспорна харизма, сензуални и софистицирани блескаат ракометарките на „Вардар“. Верувам дека ја направивме една од најсилните врски меѓу убавината и здравјето од една и водата како нивната енергија, од друга страна – рече Панделеска.

Календарот може да се набави во фан-шопот на „Вардар“ во спортскиот центар „Јане Сандански“, преку интернет-страницата на ракометниот клуб, како и во маркетите на Тинекс и Веро.

Изминатите години страниците на календарот на „Пелистерка“ ги красеа дел од најголемите ѕвезди од Македонија, како што се Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара, Аделина Тахири, Маријана Станојковска, Викторија Лоба. Годинава за првпат на календарот се појавуваат девојки од странство, со оглед на тоа што речиси целиот тим на „Вардар“ е составен од интернационалки. Во редовите на македонскиот шампион има Русинки, Србинки, Црногорки, Французинки, Хрватки, Словенки и две Македонки.  

Би можело да ве интересира:

Маврово, Копаоник, Алпи: Каде зимуваа познатите Македонци? Едни се забавуваа на снегот на нашите планини, други избраа дестинации во соседс...
Ива Матиќ – жена пилот што ги “прелета” родовите стереотипи Времето во кое живееме е време на меѓучовечки односи, конекции и токму тука е со...
Поранешниот ракометар Дарко Кондев стана јутјубер во САД – Ги тестира Американците колку знаат за Ма... Некогаш ги бранеше боите на Македонија во македонската ракометна репрезентација,...
Денес се слави Свети Никола Чудотворец – Заштитник на домот и на сиромашните Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Се верува дека овој свет...
„Бог се јави“ – Христијанските верници го слават празникот Богојавление Се верува дека на Богојавление водите стануваат лековити и свети, а христијански...
Аделина Тахири, Снеже Велков - Кои се најзгодните познати мајки во Македонија? (втор дел) Листата на згодни жени, кои се притоа и мајки е долга... Можеби и вие сте една о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg