Студентите и вработените на ФИНКИ бесплатно ќе ги користат Microsoft Office програмите
- Детали
- среда, 21 октомври 2015
Денес во рамките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и официјално се означи почетокот на имплементацијата на програмата на Мајкрософт „Students & Teacher Advantage Program”.
Со оваа програма, ФИНКИ на сите студенти и професори им обезбедува бесплатна верзија на Microsoft Office 365 ProPlus. Преку оваа програма сите студенти и вработени ќе имаат пристап до најновата целосна верзија на Microsoft Office без дополнителни трошоци, а која вклучува најнова верзија од Word, Excel, PowerPoint, OneNote и многу други програми. Секој студент или вработен во ФИНКИ ќе може да инсталира Microsoft Office 365 ProPlus на најмногу 5 компатибилни компјутери или Mac-ови, плус 5 таблет компјутери, со што се овозможува пристап до сите Office документи, како на факултет така и дома. Исто така сите студенти и вработени ја имаат можноста за 1 терабајт OneDrive складирање и синхронизација на датотеки во облак.
Освен тоа, со Office 365 ProPlus професорите можат да ги искористат предностите на големите Office апликации, како Office Микс (додаток на PowerPoint) со кои можат да ги снимаат и да ги објавуваат предавањата и да се револуционизира учењето со употреба на OneNote бележникот (One Note Class Notebook) кој им помага брзо да се постави личен профил за секој студент, библиотека за материјали и простор за лекции и креативни активности, сите во рамките на еден моќен OneNote бележник.
“Инвестицијата во образование е најдобар влог во иднината. Анализите на IDC, покажуваат дека студентите оспособени со Office вештините се подобро подготвени за работа во професионалниот свет, полесно наоѓаат работа, поефикасно ги извршуваат секојдневните работни обврски, и се попродуктивни, што позитивно влијае на нивниот напредок во кариерата. Преку програмата на Мајкрософт “student advantage” Office програмите се достапни на сите студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а кои се надеваме дека ќе им помогнат како во текот на студирањето, така и понатаму во животот. Само со учење, напорна работа и примена на технолошките иновации студентите, како и пошироката заедница може брзо да се развива, а луѓето поквалитетно да живеат. Информатичката технологија треба да биде силна алатка, која ги зголемува потенцијалите на индивидуите и ја поттикнува нивната креативност”, изјави г. Стефан Плавјански Директор на Мајкрософт Македонија.
“Како едукатори, сите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се обединети зад една единствена цел – да им помогнеме на нашите студенти да станат најдобри. Нашиот факултет, врз основа на договорот за лиценцирање со Microsoft, овозможува за нашиот факултет и кадар можност да користат напредни програми. Имаме можност за користење онлајн и офлајн Office 365 ProPlus, без дополнителни трошоци за сите студенти, факултетот и неговиот кадар. Сите ќе имаат можност Microsoft Office да го инсталираст на најмногу 5 компјутери и плус на 5 таблет компјутери, овозможувајќи им на студентите да се здобијат со вредни вештини на светски најпопуларниот софтвер за документи. Студентите сега имаат возбудлива нова придобивка која на долги патеки треба да им помогне да стекнат нови вештини и знаења, брзо вработување, започнување сопствен бизнис но и задоволување на потребите на пазарот”, изјави деканот на ФИНКИ Иван Чорбев.
Според една студија од страна на ИДЦ направена во 2013 година, работодавците бараат кандидати кои имаат 20 специфични вештини. Трета вештина на оваа листа е владеењето со Microsoft Office. Доброто познавање на PowerPoint и Word специјално се истакнати како 11 и 13 вештина на листата. Всушност, вештините за познавање на Microsoft Office програмите се бараат пет пати повеќе од било која друга алатка за продуктивност. Дури и во Google услов за работа е компетентност во знаењето на алатките на Microsoft Office.
Студентите можат да ја обезбедат Microsoft Office верзијата со посета на страната Office.com/GetOffice365 следејќи ги инструкциите на екранот. За помош при инсталација треба да ја посетат страницата install Office on your PC or Mac with Office 365 (http://aka.ms/Y0o21h).
Минатата година Мајкрософт започна интернационална иницијатива наречена Student Advantage, која им овозможува на студентите полесен пристап до најновите Microsoft Office програми, можност подобро да ги научат за алатките кои се користат во на работните места. Денес, програмата на Мајкрософт „Students and teacher advantage“ е на располагање на повеќе од 35.000 образовни институции во светот. Со цел да се квалификува за оваа програма, студентот мора да присуствува на наставата на факултетот кој ги купил лиценците на овие Мајкрософт програми.