7% бонуc при купување гориво на бензинските пумпи на ОКТА со картичките American Express издадени од Алфа Банка
- Детали
- среда, 07 октомври 2015
Алфа Банка АД Скопје за корисниците на картичките American Express нуди 7% бонус, одосно поврат на средства, при секое купување гориво на бензинските пумпи на ОКТА АД Скопје.
Ова е нова понуда од Алфа Банка АД Скопје и ОКТА АД Скопје, во контекст на долготрајната и успешна соработка меѓу двете компании.
Понудата е дел од иновативната програма „Твој Бонус" на Алфа Банка, која нуди значајни придобивки за корисниците на картичките American Express.
Поточно, секоја трансакција со картичките American Express извршена на бензинските пумпи на ОКТА, вклучува дополнителен бонус од 4,5%, покрај веќе редовниот од 2,5%. Вкупниот поврат на средства од 7% се пресметува согласно цената на горивото, која важи во моментот на купување. На пример, ако горивото на денот на полнење е 72 денари за литар, повратот на средства што корисникот ќе го добие изнесува 5 денари за секој литар. Вкупниот износ се депонира на сметката на имателот на картичката American Express, наредниот месец. Месечниот максимален износ за кој може да се добие дополнителен бонус при купување гориво, изнесува МКД 4.000,00.
Г. Димитриос Папајоану, главен извршен директор на Алфа Банка АД Скопје, изјави: „Оваа нова понуда претставува уште една придобивка од лепезата на производи и услуги кои ги нуди нашата Банка, не само во насока на исполнување на барањата и потребите на нашите клиенти, туку претставува и мал придонес во домашниот буџет на корисниците на картичката American Express. Секако, во иднина програмата „Твој Бонус" ќе овозможи уште многу вакви поволности.“