ДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот Волонтерски Ден на падините на Водно
- Детали
- недела, 04 октомври 2015
Секој ден е Глобален Волонтерски ден за групацијата DP DHL!
Да се живее одговорно, значи да се има активна улога во општеството и затоа вработените ширум нашата Групација беа навистина активни изминатиов период.
Како дел од групацијата на DP DHL, вработените од ДХЛ Експрес Македонија учествуваа во одржувањето на чиста животна средина (Go Green) и го одбележаа Глобалниот Волонтерски Ден во саботата, 03/10/2015.
45 вработени од ДХЛ Експрес Македонија помогнаа во расчистување на отпадот од падините на планината Водно, едно од најзначајните излетнички места во Скопје. Секој беше возбуден и среќен, затоа што можеше да даде мал придонес за нашата заедница и воопшто за нашето живеење. Сето ова е со цел да се помогне и делува во локалната заедница и воедно да се подигне пасијата за волонтеризам меѓу вработените.
ДХЛ продолжува со своите активности и во иднина и тоа се со цел, подобрување на нашата заедница и заедничкото живеење во здрава и чиста околина (Go Green), помагање онаму каде што има потреба (Go Help) и помаш во едукацијата (Go Teach).