Систина oфталмологија ѝ овозможи бесплатен преглед на босанската фудбалска репрезентација
- Детали
- петок, 02 октомври 2015
Во Скопје деновиве по повод квалификациите за Европско првенство во фудбал до 17 години престојува женската репрезентација од Босна. Под водство на селекторот Илија Луциќ и капитенот Амина Шапчанин овие 18 симпатични девојки за првпат престојуваат во Македонија и нивното присуство го одебележа уште еден несекојдневен настан. Имено, на покана на др. Билјана Костовска од Систина офталмологија на целата екипа ѝ беше овозможен преглед со кој им беше констатирана одлична подготвеност за квалификациските наптпревари кои ги очекуваат.
„Им благодариме на целиот докторски тим на Сиситна офталмологија за професионалната услуга. Позитвните резултати од испитувањата ни влеаа доплнителна самодоверба за да постигнеме уште подобри резултати на натрпеварите“, изјави 16 годиншата Амина Шапчанин, капитен на репрезентацијата.