Отворена реновирана Телеком продавница во Куманово
- Детали
- среда, 12 август 2015
Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Куманово. По повод отворањето, Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда со која секој корисник кој тој ден ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто. Дополнително, како изненадување, првите 100 посетители добија подароци.
Ова е петта реновирана продавница по ред, која Македонски Телеком ја пушта во употреба ова лето. Со реновирањето, во целост е променет изгледот на Телеком продавницата во Куманово која има сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот. При тоа, продавницата нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците.
По реновирањето, Телеком продавницата во Куманово овозможува одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком. Станува збор за сосема ново уникатно мултимедијално доживување, преку кое корисниците во реновираните Телеком продавници лесно ќе го најдат она што им одговара најмногу, согласно потребите и можностите.
Наскоро се очекува да биде пуштена во употреба и втората Телеком продавница во Куманово, којашто се реновира. Инаку, Македонски Телеком како компанија којашто е целосно посветена на корисникот, во континуитет работи на реновирање на повеќе продавници ширум државата.
Па така, во четврток на 13 август, ќе биде отворена и реновираната Телеком продавница во трговскиот центар Рамстор во Скопје. Со преуредувањето, освен што естетски ќе се обезбеди нов изглед, интерактивниот концепт на продавниците дополнително овозможува единствено корисничко искуство.