Отворена реновирана Телеком продавница на Бит-пазар

Скопје, 20.07.2015 Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница на Бит-пазар во Скопје. Со реновирањето во целост е променет изгледот на Телеком продавницата која има сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот. При тоа, продавницата нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците.

otvorena-renovirana-telekom-prodavnica-na-bit-pazar.jpg

На денот на отворањето на реновираната продавница на Бит-пазар, првите 100 посетители добија подароци. Дополнително, Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда со која секој корисник кој тој ден ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто.

По реновирањето, Телеком продавницата на Бит-пазар овозможува одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком. Станува збор за сосема ново уникатно мултимедијално доживување, преку кое корисниците во реновираните Телеком продавници лесно ќе го најдат она што им одговара најмногу, согласно потребите и можностите.

Во среда, со почеток во 11 часот, ќе биде отворена и реновираната продавница во Тетово. Исто така, на денот на отворање на оваа продавница предвидени се подароци за првите 100 посетители, а ќе важи и понудата со која сите заинтересирани корисници ќе можат да купат таблет од брендот Леново и Самсунг со неверојатниот попуст од 60 отсто, доколку потпишат нов или ќе го обноват својот претплатнички договор.

Македонски Телеком, како компанија којашто е целосно посветена на корисникот, во континуитет работи на реновирање на повеќе продавници ширум државата. Наскоро се очекува да бидат пуштени во употреба уште неколку реновирани Телеком продавници. Со преуредувањето, освен што естетски ќе се обезбеди нов изглед, интерактивниот концепт на продавниците дополнително овозможува единствено корисничко искуство.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg