Започнува наградна игра на Стопанска банка - Купувај опуштено!

Во насока на вреднување и наградување на своите клиенти кои редовно ги користат Visa и MasterCard платежните картички, Стопанска банка започна наградната игра „Купувај онлајн со платежните картички на Стопанска банка“.

zapocnuva-nagradna-igra-na-stopanska-banka-kupuvaj-opusteno-1.jpg

Наградната игра започна на 1 јуни, а ќе трае до 31 декември 2015 година со извлекување секој месец по 5 добитници при што месечната главна награда изнесува 60.000 денари а ќе се доделуваат и по четири споредни од 10.000 денари. Дополнително, Банката преку ФБ фан страната ќе обезбеди и утешни неделни награди.

Право на учество во наградната игра имаат сите корисници на Visa и MasterCard платежните картички на Стопанска банка, кои имаат над 18 години и кои ќе направат минимум една online (e-commerce) трансакција преку која било интернет продавница, и со секоја трансакција ја зголемуваат можноста да станат добитници.

Во денешното динамично време, онлајн трансакциите стануваат се почести, како резултат на напредокот на технологијата, нејзината достапност како и поради големите придобивки што со себе ги носи овој современ платежен канал. Наградната игра има за цел да ги поттикне онлајн плаќањата и електронската трговија, но и да ги едуцира трговците и клиентите дека користењето на платежните картички за online плаќања е навистина безбедно.

„Веќе една година картичките на Стопанска банка се единствени во нашата земја кои го поседуваат сертификатот за безбедно купување на интернет и среќни сме што плаќањето со картичка на интернет стана дел од секојдневието на нашите клиенти. За една година бележиме 100% пораст во употребата на картичките на интернет, како за плаќање на сметки за струја, вода, телефон, така и за онлајн шопинг кој се повеќе добива на популарност со бројните интенет попусти на домашните и странски интернет сајтови. Среќни сме што имаме можност преку наградната игра, која ќе трае до крајот на годината, дополнително да го стимулираме купувањето на интернет со платежните картички на Стопанска банка.“ - изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Во наградната игра не учествуваат вработените од Банката и нивните најблиски семејства како и корисниците на картички кои на денот на извлекување имаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон Банката по кој било основ. 

zapocnuva-nagradna-igra-na-stopanska-banka-kupuvaj-opusteno-2.JPG

Би можело да ве интересира:

Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Џамлии, жмурка: Maкедонските познати личности ги откриваат омилените игри од детството + како изглед... Лила Филиповска вели: „Во детството сакав многу плочка и игравме ластик“, а пак ...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024 Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Пета...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg