Argeta во ново руво
- Детали
- четврток, 23 април 2015
Трговската марка Argeta, синонимот за намази со врвен квалитет, зачекори во новата 2015 година во ново руво.
Новата амбалажа, во која се крие истиот раскош на вкусови како и досега, освен пријатното освежување донесе и поедноставен начин на отворање.
На овој начин Argeta уште повеќе се доближува до желбите и потребите на современите потрошувачи, а при тоа ги исполнува највисоките производни стандарди кои обезбедуваат безбедна храна.
Премиум квалитет – внатре и надвор
Намазите на Argeta веќе долго време се одликуваат со избрани состојки, свежи зачини и квалитетни парчиња месо. Врвниот квалитет, во хармонија со извонредниот вкус, сега јасно се одразува и на амбалажата на Argeta.
Освен попривлечниот изглед, новото руво го носи и капакот „easy peel“ кој се грижи за поедноставно и побезбедно отворање. Новото алуминиумско пакување е полесно, поиздржливо, поедноставно за рециклирање и еколошки поприфатливо. Сега, на овој начин, Argeta однадвор е исто извонредна како и однатре.