Wizz Air воведува можност за селекција на седиште
- Детали
- четврток, 02 април 2015
Женева, 2 Април: Wizz Air најголемата ниско-буџетна авио-компанија во Централна и Источна Европа*, денеска најави дека од 15 Мај ќе го претстави новиот начин на селекција на седишта за да го подобри искуството и задоволството на своите патници.
Имено на селектирани рути од 4ти Мај 2015 година и од 19 Мај 2015 година на сите Wizz рути, патниците ќе можат да уживаат во автоматска и бесплатна селекција на седишта, кое што ќе стане дел од процесот на резервација од 8ми Април.
Wizz Air ќе дозволува кога е можно да се селектираат соседни седишта на истата резервација кога патниците патуваат заедно. Потрошувачите ќе можат да ги менуваат нивните бесплатни седишта и да селектираат друго седиште за надоместок од 1€ на wizzair.com или на WIZZ мобилната апликација во било кое време, 3 часа пред летот.
Преферираните седишта, со повеќе простор за нозете или пак во прв ред седишта за брзо излегување можат да бидат резервирани со повисок надомест со оглед на достапноста на истото врз основа кој прв пристигне тој прв ќе биде услужен.
Новиот начин на селекција на седишта на Wizz Air ќе биде лансирано на селектирани рути (Будимпешта – Барселона, Катовице – Лондон, Букурешт - Дортмунт) од 4ти Мај и постепено од 19ти Мај имплементирајќи го ова на сите 360 Wizz рути од 110 аеродроми низ 37 држави.
Потрошувачите со букирани седишта пред 8ми Април, седиштата ќе им бидат поделени на чек-ин, додека патниците со постоечки резервации вклучувајќи “Wizz Xtra legroom” и “Wizz Reserved Seat Service” ќе бидат во можност да ги селектираат нивните седишта по избор без дополнителен трошок.
Патниците со “Wizz Premium” и “Wizz Privilege Pass Membership” ќе можат да селектираат кое било седиште бесплатно и исто така ќе продолжат да ги уживаат приоритетите при чекирање, како би ги избегнале редиците. Од 8ми Април Wizz Air исто така го намалува надоместокот за приоритетите при чекирање на само 2€.
György Abrán, комерцијалниот директор на Wizz Air изјави:
"Јас сум воодушевен што денес го споделувам овој голем напредок за нашите клиенти, кој всушност претставува дел од нашиот постојан развој за подобрување на услугите и процесите кои ги нудиме. Задоволството на потрошувачот е во сржта на нашата мисија, уште кога ја лансиравме авиокомпанијата пред повеќе од 10 години, и со истата мисија продолжувме да функционираме секој ден. Убеден сум дека трендот на авиокомпаните за повторно воведување на селекција на седиште точно ќе покаже што е она што корисниците го вреднуваат најмногу додека патуваат: прифатлива авионска карта и бесплатно искуство на удобно патување. Имаме 180 седишта на секој од нашите 55 А320 авиони, а од ноември ќе има 230 седишта во нашитенови A321 авиони. Нашиот новитет за селекција на седишта е дел од големиот број на планирани подобрувања за 2015 година, кои ќе ги објавиме наскоро”.