Стопанска Банка и Техномаркет со нови поволности во чест на месецот на жената
- Детали
- понеделник, 02 март 2015
Акцијата за купување до 36 рати без камата е посветена на месецот на жената, а на купувачите ќе им се даде можност да изберат и купат неколку IT производи и мали предмети за домаќинство. Воедно, Техномаркет наскоро започнува и e-commerce соработка со Стопанска банка АД – Скопје, овозможувајќи им на клиентите купувања преку интернет.
Од почетокот на март, продолжува да се продлабочува веќе успешната соработка меѓу Стопанска банка АД - Скопје и Техномаркет, чија што цел е да им овозможи на потрошувачите можност за купување на различни производи, на рати, без камата, а наскоро и можност производите да ги купуват преку интернет, користејќи го e-commerce сервисот на Стопанска банка.
Акцијата за купување до 36 рати без камата е посветена на месецот на жената, а на купувачите ќе им се даде можност да изберат и купат неколку IT производи и мали предмети за домаќинство. Воедно, Техномаркет наскоро започнува и e-commerce соработка со Стопанска банка АД – Скопје, овозможувајќи им на клиентите купувања преку интернет.
„За нас, задоволството на клиентите претставува приоритет во работењето и е од клучна важност. Продлабочувајќи ја успешната соработка со Техномаркет од овој месец и во делот на електронската трговија, Стопанска банка останува посветена во креирање на најдобра понуда за клиентите, овозможувајќи им од една страна купување до 36 рати без камата со кредитните картичи, а од друга страна безбедни и едноставни купувања преку интернет. Во моментов, најголемиот дел од прометот во електронската трговија во нашата земја се реализира токму преку e-commerce сервисот на Стопанска банка. Во таа насока, сите правни лица заинтересирани за оваа услуга може да ја контактираат Банката на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и да се уверат во конкурентните услови кои ги овозможува Банката за користење на овој сервис “, изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи во Стопанска банка АД - Скопје.
Овој пат, новитет претставува временскиот период на траење на соработката, што ќе ја опфати тековната година, а тоа значи дека секој месец ќе се презентираат различни понуди, акции, бенефиции и поволности при плаќањето.
„Се стремиме во целост да ги следиме барањата и очекувањата на потрошувачите, правиме напори да им овозможиме поголема достапност на производите од светски реномираните брендови и во исто време им ја нудиме и онаа додадена вредност во однос на стандардната понуда. Токму на тоа се должи и повторната, а во исто време проверена соработка со Стопанска банка. На потрошувачите овој пат им нудиме голем избор на производи достапни за купување и до 36 рати, без камата. Се надеваме дека задоволството и бенефициите од ваквата соработка, ќе ги почувствуваат и нашите купувачи“ – изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.
Стопанска банка и Техномаркет за првпат остварија соработка минатата година, кога на потрошувачите им понудија купување на револуционерните модели на Philips Android ултра тенки 4К телевизори на 24 рати без камата.