Френк Андервуд доаѓа во Македонија!
- Детали
- вторник, 24 февруари 2015
Македонските граѓани почнувајќи од 28 февруари, само 24 часа по американската премиера, ќе можат да уживаат во секоја нова епизода на мега-популарната серија Куќа од карти (House of Cards) која ќе биде достапна на регионалната интернет телевизија Pickbox, со македонски превод.
Со бројни жртви и тешки одрекувања, дијаболичната политичка двојка, Френк (Кевин Спејси) и Клер (Робин Рајт) Андервуд ја остварија својата цел. Господинот претседател ја презеде функцијата на крајот на втора сезона, а во новите епизоди, Спејси и Рајт се најмоќната американска двојка чии игри стануваат сѐ поризични. Очите на американската нација и на целиот свет се вперени во Френк.
„Ова е само почетокот на мојата одмазда“, изјави Кевин Спејси при преземањето на „Златниот глобус“ за улогата на Френк, што инаку е негов осми обид за освојување на Глобусот за најдобар главен актер.
Со оглед на способноста на г. Андервуд секоја ситуација да ја сврти во своја корист преку вешто комбинирање сплетки, уцени, наговарања и умилкување, веруваме дека настаните во серијата ќе ве шокираат и разлутат, но и ќе ве насмеат. Андервудови се двојка која обожавате да ја мразите, па немојте да ја пропуштите шансата први да видите колку далеку оди нивната злоба.
Додека ја чекате третата сезона, повторно погледајте ги целосните 1 и 2 сезона, единствено на Pickbox.