Совршени подароци за Денот на вљубените
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2015
Денот на вљубените наближува, а традицијата на празникот вели дека треба да се изберат најубавите и најромантични подароци за саканите.
Вкусовите и потребите се различни, но со внимателен избор може да се постигне саканиот ефект, вашата специјална личност да се почувствува посебно и да ужива во подарокот.
Дел од брендовите на Fashion Group подготвуваат изненадувања во форма на промоции и специјално дизајнирани колекции за Денот на вљубените.
Брендот посветен на чанти и модни додатоци Parfois сезоната ја започнува во Valentine колекцијата во која доминираат женствениот накит, раскошен и богат, и големиот избор на чанти во повеќе форми.
Women’secret пак нуди сензуална колекција направена под мотото на брендот “Привлечно, удобно и секси”.
Црвената и црна боја очекувано доминираат, но сепак застапена е и белата, додека кај материјалите доминантни се чипката и тантелата.
Во Springfield новата колекција за пролет/лето 2015 веќе пристигна, па купувачите имаат можност да одберат нешто соодветно за подарок и од неа.
Во духот на брендот, и оваа колекција е наменета за младиот космополит кој го сака лежерното облекување, сака да биде модерен, но не е жртва на модните трендови.
Парчињата се едноставни и практични, а колекцијата се темели на неутралните тонови, но и на појаки, разиграни бои кои се среќаваат кај поспортските модели.
Што и да одберете, сигурни сме дека вашиот партнер или партнерка ќе ужива во подарокот, а вие ќе имате Ден на вљубените за паметење.