Отворен најголемиот и најмодерен фитнес и спа-центар во Македонија
- Детали
- четврток, 05 февруари 2015
Synergy Fitness & Spa центар нуди комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и уживањето во Скопје.
Македонската метропола доби комплетно ново место - Synergy Fitness & Spa - каде што физичката активност и релаксацијата ќе се практикуваат според последните светски трендови. Центарот, којшто вчеравечер свечено беше отворен, е лоциран во населбата Аеродром, на простор од над 2.000 квадратни метри и располага со најголемата фитнес-сала во Македонија, која што е целосно опремена со најсовремената опрема за вежбање од светски познатиот бренд „Technogym“.
На свеченото отварање присуствуваа голем број гости кои низ посебно организирани тури беа запознаени со капацитетите и програмите кои ги нуди Synergy Fitness & Spa центарот.
"Концептот на Synergy Fitness & Spa центарот е многу едноставен - нудиме комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и на уживањето во Скопје. Целта ни е да им помогнеме на граѓаните да започнат да водат поздрав и поактивен стил на живеење. Затоа им обезбедивме најсовремено опремен простор кој е во потполност прилагоден на модерниот начин на живот - по опрема, климатизација и функционалност. За првпат во Македонија веќе може да се вежба во фитнес-сала со комплетна Technogym опрема“, изјави Никола Боглев, oперативен mенаџер на Sinergy Fitnees & Spa центарот.
Освен со најсовремена фитнес-сала, центарот располага и со уште две дополнителни сали за групни активности - од класичен фитнес, па сè до часови по зумба, спининг, аеробик, јога, степ-аеробик, пилатес, ориентални танци, боди-баланс, пилатес за трудници, како и активности за деца.
До 21 февруари, Synergy Fitness & Spa центарот нуди промотивен попуст од 30%, за секоја месечна членарина за користење на Фитнес салата и Фитнес и Спа пакетот, било за еден, три, шест или дванаесет месеци.
„Недоволната физичка активност и зголемената телесна тежина кај луѓето се меѓу најголемите проблеми на денешницата. Сите ги знаеме веќе докажаните предности од вежбањето. Луѓето кои се во добра физичка кондиција и кои редовно вежбаат полесно го поднесуваат стресот и помалку се подложни на болести. Токму поради тоа Synergy Fitness & Spa центарот нуди правилно конципирани програми за вежбање. Високостручниот тим на инструктори е тука да помогне при изборот и да ги направи тренинзите помотивирачки“, изјави Марјан Лукаревски, фитнес инструктор.
Спа-зоната е посебен сегмент наменет за опуштење по напорниот работен ден и нуди најразлични релакс третмани од сауни и парни бањи до релаксирачи и терапевтски масажи. Дополнително, комплексот располага со најсовремено опремена кафетерија, игротека, продавница за спортска опрема и аксесоари, а има и непосреден пристап до катна гаража.