Т-Мобиле донираше дел од приходите од СМС за Нова година

Т-Мобиле Македонија донираше дел од приходите од СМС за Новогодишната ноќ. Со секоја испратена СМС граѓаните придонесоа за отворање на центри за ран детски развој. Овие центри се алтернатива за  градинките во рурални и маргинализирани средини.

t-mobile-donirase-del-od-prihodite-od-sms-za-nova-godina-1.jpg

Отворањето на овие центри е дел од долгорочниот проект на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и УНИЦЕФ – „Првите 5 најважни на свет“.

Целта на партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата е да се подгине свеста за важноста на раната едукација и да се отворат што е можно повеќе центри низ Македонија, со цел децата кои доаѓаат од ранливи средини да добијат еднаква можност за рана едукација, како и нивните врсници кои посетуваат градинки.

Децата во првите 5 години од животот го достигнуваат својот најголем развој и токму затоа оние деца што посетуваат квалитетни предучилишни програми имаат подобар успех во училиште и воопшто во животот. Досега преку партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата отворени се осум центри, а во текот на годината ќе се отворат уште толку.

Од средствата кои Т-Мобиле дополнително ги донираше бројот на центри ќе се зголеми за уште два.

Во акцијата може да се приклучат поединци и компании со донација на бројот 143 555.

Повеќе информации можете да најдете на: www.prvite5.mk

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg