Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Новогодишниот караван на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија денес го посети Домот за деца без родители

Вработените во Т-Мобиле и Македонски Телеком им донесоа радост на над 2.000 деца низ Македонија

novogodisniot-karavan-na-fondacijata-t-mobile-za-makedonija-denes-go-poseti-domot-za-deca-bez-roditeli-1.jpg

Денес во празнична и разиграна атмосфера со новогодишна претстава Дедо Мраз ги посети дечињата во Домот за деца без родители „11 Октомври“ и заедно со волонтерите вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком им подарија пакетчиња со желба за уште поубава година. Овој настан е дел од традиционалниот Новогодишен караван, а во организација на Фондацијата Т-Мобиле за Македoнија, кој веќе 13 година по ред ги радува најранливите групи на деца.

Караванот започна на 17 декември, а ќе трае се до крајот на годината, а како дел од предвидената програма ќе бида изведени Новогодишни претстави и делење на пакетчиња за децата без родители, децата со посебни потреби, со оштетен слух и вид, децата со телесен инвалидитет и децата од социјално загрозени семејства.

Овој караван го реализираат волонтери, вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком кои оваа година имаат мисија да посетат над 2000 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат разни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно.

novogodisniot-karavan-na-fondacijata-t-mobile-za-makedonija-denes-go-poseti-domot-za-deca-bez-roditeli-2.jpg

Новогодишниот карван до крајот на годината ќе ги посети: СОС Детското село, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес, ПОУ „Златeн Сремeц“ и ПОУ „Иднина“ во Скопје, Здружението за деца со аутизам  „Во мојот свет“, ПОУ „Свети Климент Охридски“ во Ново Село, Детската хирургија, Детската болница во Козле, Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп, Одделенијата за детски болести во Градските болници во Прилеп, Битола, Штип, Велес,  Струмица, Охрид,  Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара,  Децата во интернат при Основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов”  и децата од предучилишна возраст во Скопје и  Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Заводот за деца со оштетен Слух „Kочо Рацин” и Заводот за рехабилитација на говор, глас и звук во Битола, Дневните центри за деца на улица во Шуто Оризари и Автокоманда и Кисела Вода,  Здружението „Сумнал”, деца на самохрани родители членови на „Минус и Плус”, Домот за деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” во Скопје, Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, децата жртви на семејно насилство и децата во интернат при ОУ „Христија Тодоровски Карпош” во Куманово, децата со посебни потреби во градинката, во ОУ „Лирија” и “Андреја Савески –Кикиш ” во Тетово, децата со посебни потреби во Дебар, Државно средно училиште за глуви „Партение Зографски”, децата во паралелки за деца со посебни потреби  во Кавадарци, детскиот оддел на болницата „Свети Еразмо” во Охрид, децата згрижени во дом семејства во Скопје, здружението „Ластовица” и децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на говор, звук и глас во Скопје

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg