Порше Македонија е национален шампион на „Европските Бизнис Награди“ за 2014/2015 година

Порше Македонија компанијата која ги застапува автомобилските марки: Volkswagen, Škoda, Audi, SEAT, Volkswagen – Комерцијални возила и Porsche е национален шампион и ќе ја претставува Македонија на Европските Бизнис Награди за 2014 / 2015 година и тоа во две категории „Награда за посветеност кон клиентите“ и „Најдобар работодавач на година“.

porshe-makedonija-e-nacionalen-sampion-na-evropskite-biznis-nagradi-za-2014-2015-godina-01.jpg

На национално ниво компанијата победи во повеќе категории и освои награда и признание за „Успешен бизнис, иновација и бизнис етика“. Претседателот на „Европските Бизнис Награди“ Адриан Трип и претседателот на стручното жири Филип Форест му ја врачија наградата на претставникот од Порше Македонија господинот Владимир Димитровски бренд менаџер за Volkswagen патнички возила.

Во конкуренција на голем број компании, „Порше Македонија“ ја доби наградата со најголем број освоени гласови од стручното жири кое брои повеќе од 160 члена и е составено од универзитетски професори, економски експерти, поранешни премиери, министри и професионалци од повеќе области.

Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со над 30% удел на пазарот на нови возила. Успехот не се должи само на моќта на врвните марки и нивниот изграден и препознатлив имиџ во светот, туку и посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите. Доказ за квалитетот на услугите и производите е пред се големото семејство на задоволни клиенти.

Покрај  „Европската Бизнис Награда“, Порше Македонија со своето успешно работење во изминатиот период освои и бројни домашни и интернационални награди: повеќе пати „Автомобил на годината во Македонија, Најдобар работодавач во Македонија, „Superbrands на Македонија“, „Награда за користење на најдобри HR практики за развојот на вработените“,„Најдобар интернационален импортер за брендот Volkswagen - Комерцијални возила“ итн.

Порше Македонија е на вистинскиот пат - единствена компанија со сериозна дилерска мрежа во Македонија и компанија што постојано ја зголемува брзината и го подобрува квалитетот на услугите и со тоа поставува уште повисоки стандарди на  автомобилскиот пазар во Македонија со единствена цел - постигнување потполно задоволство на клиентите.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg