„Скопско“ - 90 години дел од најдобрите градски приказни (видео)
- Детали
- петок, 28 ноември 2014
Деведесет години дел од секоја маса, од секој ресторан, кафуле, дискотека. 90 години причина плус за средба со пријателите, 90 години се бара уште едно повеќе.
Незаменливо во лето, омилена навика во зима. Повод за добра забава, нова приказна, уште една победа, прослава, утеха, спомени...
Редовно друштво на сите веселби, слави, концерти и спортски натпревари. Традиција и богатство што 90 години се пренесува на секоја следна генерација.
Едно е Скопско, а во него има многу приказни, раскажани, недокажани и оние кои допрва ќе се раскажуваат.
За почетоците, спомените и моментите раскажуваат урбаните градски луѓе:
Павел и Сјајна („The Duck“)
Жабарот
Зоки („Jukebox“)
Чамо