1 милион собрани насмевки, за подобра нега и грижа за децата

По повод големиот свој јубилеј - 70 години постоење и функционирање, Стопанска банка реализира донација на софистицирана опрема во детските здравствени установи низ Македонија, чии средства беа собрани како резултат на големата хуманитарна акција „Подари насмевка“ која Банката ја организираше во период од јуни до октомври оваа година.

1-milion-sobrani-nasmevki-za-podobra-nega-i-griza-na-decata-01.jpg

Станува збор за донација на уникатна медицинска опрема, единствена во државата и во регионот, напреден ехо апарат од производителот „Mindray”, со која ќе се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман на децата, наменета за Детската клиника во Скопје, додека донацијата за останатите градови: Струга, Струмица, Куманово и Прилеп, претставува дополнителна поволност, бидејќи децата од различни реони не мора да доаѓаат во Скопје, како до сега, за да го направат соодветниот преглед.

„Во динамичното секојдневие, во кое главен приоритет на компаниите е да се постигнат квантифицирани цели не смееме да заборавиме дека мисијата на компаниите не е само растот, успехот и профитабилноста туку и да бидат општествено одговорни и да му возвратат на општеството за постигнувањата особено со поддршка на сограѓаните на кои најмногу им е потребна помош. Затоа, сакаме да го одбележиме овој наш значаен јубилеј со нешто убаво и незаборавно за нашето окружување, за нашите клиенти и сограѓани и да покажеме дека Стопанска банка АД – Скопје останува лидер не само во банкарскиот сектор туку и во општествената одговорност, активност со која посебно се гордееме. 70 годишнината ја прославивме заедно со нашите клиенти и токму денес ќе ја крунисаме со најголемата донација на Детската клиника – Скопје, како и со донација во здравствените домови низ Републиката“ изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на СБ.

1-milion-sobrani-nasmevki-za-podobra-nega-i-griza-na-decata-02.jpg

Акцијата ја започнаа вработените на Стопанска банка, кои први подарија насмевка, а за многу кратко време, во период од јуни до октомври беа собрани 1.000.000 насмевки. За секоја насмевка Стопанска банка донираше средства наменети за децата на кои им треба помош. 

Во хуманитарната акција се вклучија познати актери, водители, уредници, автори и други јавни личности давајќи свој личен придонес.

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Катарина Ивановска ужива во летото: На плажа со децата, коктели со другарките Со десетина интересни фотографии споделени на Инстаграм, Катарина откри како се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg