Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„НОВА“ ја отвори првата средношколска училница по кинески јазик во Македонија

Меѓународните училишта НОВА и Институтот „Конфучиј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје денеска отпочнаа соработка што подразбира организирање настава по кинески јазик во оваа образовна установа.

nova-ja-otvori-prvata-srednoskolska-ucilnica-po-kineski-jazik-vo-makedonija-01.JPG

Со чинот на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете споменати институции, кинескиот им се придружи на францускиот, италијанскиот, германскиот и шпанскиот кои моментно се изучуваат како странски јазици во НОВА.

Со отварање на првата средношколска училница по кинески јазик, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, го продолжи својот проект за популаризација на кинескиот јазик и култура во Македонија. Оваа учебна година наставата по современ кинески јазик и култура ќе ја следат 14 ученици.

На присутните им се обратија ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски и директорот на Меѓународните училишта НОВА, г-ѓа Венера Новаковска.

- „Кинескиот е прв од источно-азиската група на јазици кој ќе се изучува во НОВА заедно со тие од европското говорно подрачје. Имајќи предвид дека Кина е сè поприсутна на светската сцена, ова е само почеток за отпочнување на подолгорочен процес на соработка во кој следни чекори би биле размена на ученици, како и евентуалното отворање на мултимедијална училница во НОВА посветена на кинескиот јазик и култура“ - истакна Новаковска

Таа, исто така, се заблагодари на одличната соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ректорот проф. д-р Велимир Стојковски и Институтот „Конфучиј“ нагласувајќи дека со интензивирањето на македонско-кинеските економски односи, ќе се јави поголема потреба од изучување на кинескиот јазик и подобро разбирање на културните посебности. Отпочнувањето на наставата по кинески јазик во НОВА е уште еден чекор кон целта за меѓусебно приближувањето на двете култури.

nova-ja-otvori-prvata-srednoskolska-ucilnica-po-kineski-jazik-vo-makedonija-02.JPG

Покрај останатите гости присутни беа и кинескиот директор на Институтот „Конфучиј“, проф. д-р Шиџонг Денг и македонскиот директор на оваа организација, проф. д-р Бранислав Саркањац.

Би можело да ве интересира:

Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Сара Мејс и синчето Кирил лежат во болница во Козле – „Мајка мора сè да направи за да го задржи дете... „Кирил е конечно малку подобар, ќе одморам и јас троа“ – напиша Сара Мејс, откак...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Кирил Џајковски, Симон Трпчески - Македонски музичари кои нè направија горди пред светот Нашиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, во поголемиот дел од годината...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg