Јубилејна понуда за станбен кредит на Стопанска банка АД – Скопје
- Детали
- вторник, 11 ноември 2014
По повод годишнината, 70 години од своето постоење, Стопанска банка создаде единствена понуда на станбен кредит, со која уште еднаш покажа дека се грижи за своите корисници и креира банкарски производи според потребите на граѓаните, овозможувајќи им што полесно да дојдат до посакуваниот дом.
Во својата јубулејна година, Стопанска банка започна нова, промотивна и единствена понуда на пазарот на станбени кредити.
За сите поднесени барања за станбен кредит во периодот од 03.11. до 31.01.2015 година, се добива промотивна каматна стапка од 3% во првите три години, што претставува исклучителна можност за сите оние кои размислуваат за станбен кредит.
Исто така покрај гарантираната каматна стапка за првите 3 години, Банката на сите кои ќе поднесат барање за станбен кредит им нуди и дополнително олеснување - 0 денари за административни и трошоци за процена.
По истекот на трите години, во примена е променлива годишна каматна стапка, согласно одлука на Банката.
Станбениот кредит може да се користи за купување на стан, куќа, изградба / надградба на куќа, и рефинансирање по најповолни услови на кредити од други банки.
Советниците за кредитирање во филијалите на Банката се достапни за сите прашања поврзани со станбениот кредит, а за дополнителни информации обратете се во филијалите на Банката, на официјалната страна или на 24 часа Контакт центарот 02/3100-109.