Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Т-Мобиле и Гоу Грин овозможуваат систем за управување со отпадни батерии за 350.000 граѓани

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија станаа партнери на проектот Гоу Клин кој вклучува 7 општини и 78 училишта и е во имплементација на младинската еколошка организација Гоу Грин.

t-mobile-i-go-green-ovozmozuvaat-sistem-za-upravuvanje-so-otpadni-baterii-za-350-000-gragani-01.jpg

Со проектот се информираат над 15.000 ученици од основните и средни училишта од општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Прилеп, Штип и Кичево и се стимулираат да се однесуваат одговорно кон животната средина преку селектирање на отпадни батерии и нефункционални мобилни телефони. Канти за отпадни батерии се поставени во сите училишта и во тек е натпреварот за собирање на отпадни батерии. Т-мобиле го поддржува натпреварот со активностите:

Доколку ги фрламе батериите и старите мобилни телефони во контејнер, тие ќе завршат во локалната депонија и тешките токсични метали кои ги содржат, преку подземните води се депонираат во почвата, од каде ја добиваме и храната. Зголеменото ниво на токсични метали кај луѓето предизвикува главоболки, стомачни болки, епилептични напади, остеопороза, стерилитет, леукемија, иритација на кожата, рак и други болести.

Проектот овозможува систем за 350.000 граѓани соодветно да се ослободат од нивниот отпад. Т-мобиле  активно учествува во развивање на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина и доследно ги исполнува одговорностите од Законот за батерии и отпадни батерии и Законот за отпад од електронска и електрична опрема.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024 Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Пета...
Водителот Роберт Јанков: „Преку глава од црно-бели екрани, од погреби во живо, од денови на жалост, ... „Преку глава од музика што молчи, од болест што нѐ толчи. Преку глава од не...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Самовили, духови, свадбари - Вевчанскиот карневал 2025 ја продолжи традицијата стара преку 12 века Со палењето на маските и василичарското оро денес во Вевчани ќе заврши Вевчански...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg