Дебар Маало Тајмс – Прв градски весник од утре низ дебармаалските локали

Од утре, 21.10.2014, излегува првиот број на новиот месечен весник - Дебар Маало Тајмс. Весникот е првиот урбан медиум во Македонија, кој ќе биде водич низ сентиментот и носталгијата на срцето и душата на градот - Дебар Маало.

debal-maalo-tajms-prv-gradski-vesnik-od-utre-niz-debarmaalskite-lokali-01.jpg

Тој истовремено и ќе информира за новостите и настаните кои во ова маало се случуваат денес и ќе преставува градско четиво за сите дебармаалски, и не само дебармаалски генерации.

Овој месечник ќе воведе во градскиот имиџ, дебармаалксите вкусови и мириси, боемијата, културата и подзаборавените вистински вредности на животот, преку легендарните ликови на Скопје.  

Дебар Маало Тајмс е единствениот весник кој е ослободен од фрустрацијата наречена политика и „големите теми“ на секојдневието; тој има за цел да биде весел, да релаксира и на духовит и оригинален начин на голема врата да го донесе она што недостасува, а тоа е доброто расположение. 

Неговата идеја е да го отслика оној вистински дебармаалски шарм и дух, да ги раскаже автентичните приказни на ова маало и да ја пренесе традицијата и историјата која овде со децении се пишува.

Основачи на Дебар Маало Тајмс се ортодоксните дебармаалци Зоран Блажевски (или Зоки Малиот - Џубокс) и Милан Банов - Карамба, кој истовремено е и главен уредник на весникот.

Весникот е бесплатен, а ќе го пронајдете на масите во сите дебармаалски кафеани, меани, гостилници, ресторани, хотели, таверни, пицерии, кафулиња, клубови и практично насекаде каде вее духот на Дебар Маало.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“ „Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напа...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg