ДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот Волонтерски Ден заедно со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

Како дел од глобалните ДХЛ иницијативи “Помагање во едукација” и “Да се помогне”, во саботата, компанијата ДХЛ Експрес Македонија заедно со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија го одбележаа Глобалниот Волонтерски Ден.

dhl-ekspres-makedonija-go-obeleza-globalniot-volonterski-den-1.jpg

45 вработени од ДХЛ Експрес Македонија заедно со нивните гости, поминаа еден незаборавен ден исполнет со различни активности прославувајќи ги притоа и успесите на нашите олимпијци на овогодинешните Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада, кои се одржаа во Антверпен, Белгија.

За време на дневната посета во просториите во ДХЛ Експрес Македонија, вработените од компанијата ги запознаа членовите од Специјалната Олимпијада со процесите на работење во ДХЛ Експрес, отворено се дискутираше за работните процеси и дневните предизвици,  давајќи на тој начин мал придонес во нивната инклузија и интеграција во околината како лица со посебни потреби.

ДХЛ Експрес Македонија е дел од групацијата Deutsche Post DHL, лидер на пазарот во експресниот транспорт и логистиката, истовремено и општествено одговорна компанија, која со своја донација им помогна на сите атлети и целокупната делегација на Специјалната Олимпијада Македонија да отпатуваат на Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада, кои се одржаа од 9 до 21 септември 2014 во Антверпен, Белгија. Настан на кој нашите атлети земаа учество, достоинствено се натпреваруваа, и се вратија со 4 бронзени медаљи и тоа: Ајбази Себаат- во атлетика 200 метри, Христијан Тутурески, во атлетика 100 метри, Живко Стојанов во пинг понг  и Александар Цветковски во бадминтон.

dhl-ekspres-makedonija-go-obeleza-globalniot-volonterski-den-2.jpg

Сето ова е дел од глобалната кампања на DP DHL, да се помогне и делува во локалната заедница и воедно да се подигне пасијата за волонтеризам меѓу вработените. Помагањето е важен дел од корпоративната култура на DPDHL и вработените се охрабруваат да ја следат програмата низ трите иницијативи за корпоративна одговорност: Go Green (Заштита на околината), Go Teach (Помагање во едукација), Go Help (Да се помогне).

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Браво! Македонски ученици освоија 1 златен и 2 бронзени медали на Математичка олимпијада Дамјан Давков во 2021-ва, на само 13 години го освои првиот сребрен медал на Инт...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg