Летни кредитни освежувања од Стопанска банка

12.06.2014 Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која во своето работење и суштински се води според мотото „на ваша страна“, Стопанска банка АД - Скопје ги следи потребите на своите клиенти, и за ова лето подготви освежувања на својата кредитна понуда со дополнителни поволности.

letni-kreditni-osvezuvanja-od-stopanska-banka

Имено, за сите поднесени или одобрени барања за Станбен кредит до 31.08.2014 година покрај гарантираните каматни стапки за првите 5 години Банката нуди и значително олеснување односно  0 денари за административни и трошоци за процена. Што севкупно, го прави овој кредитен производ особено поволен и атрактивен за сите оние кои посакуваат сопствен дом.

Додека за сите оние кои ова лето сакаат да инвестираат во реновирање и опремување на својот дом, Стопанска банка ги подобри и условите за кредитирање на потрошувачките кредити до 10.000евра, кои се без обезбедување, достапни за само 30минути од поднесување на барање во филијалата, и со 0 денари за административни трошоци до 31.07.2014.

Дополнителна поволност добиваат и клиентите кои ќе аплицираат за MASTERCARD кредитни картички до 31.08.2014 година, коиќе добијат 0% каматна стапка за сите купувања направени до крајот на септември.

Со оваа комбинација на поволности кај кредитните производи, Банката се приближува до потребите на клиентите, ги олеснува првите чекори во добивање на кредит и ја поттикнува кредитната експанзија во претстојниот период.

Советниците за кредитирање се достапни во филијалите на Банката со детални информации за секој производ, но и препораки и совети за избор на тип на кредит кој најдобро одговара на буџетот, потребите и можностите на клиентот.

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекува врнежливо лето со услови за големи временски непогоди“ „Ова лето ширум Европа, како и во Македонија може да има повеќе врнежи од вообич...
Катарина Ивановска ужива во летото: На плажа со децата, коктели со другарките Со десетина интересни фотографии споделени на Инстаграм, Катарина откри како се ...
Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Колку се променија македонските пејачки од почетокот на кариерата досега? Ликот на Дани Димитровска е ист, но многу го промени имиџот кој во младоста ѝ бе...
Долги нозе и извајано тело - Лара Иванова во црни бикини ја затвори летната сезона Пејачката Лара Иванова, која имаше работно лето со многу настапи, средината на о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg