Вработените во Т-Мобиле и Македонски Телеком им донесоа радост на над 1200 деца низ Македонија

Фондацијата Т-Мобиле за Македонија веќе десетта година организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца. Се организираат Новогодишни претстави и се делат пакетчиња на деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со телесен инвалидитет и деца од социјално загрозени семејства.

vrabotenite-vo-t-mobile-i-makedonski-telekom-im-donesoa-radost-na-nad-1200-deca-niz-makedonija-01

Караванот го реализираат волонтери, вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком. Оваа година од 23 до 31 декември, волонтерите посетија над 1200 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат разни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно.

Новогодишниот карван ги посети: СОС Детското село, Заводот за ментално здравје – Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес, „Трисомиа 21“, ПОУ „Златан Сремац“, ОУ „Иднина“, Здружението „Во мојот свет“, Здружението за деца со посебни потреби „Дајте ни крила“, ПОУ „Свети Климент Охридски“, Детската хирургија, Детската клиника, Детската болница во Козле, Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп, Одделението за детски болести во Градската болница, Прилеп, КХАМ Куманово,  Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара, Основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци, Националната СОС линија „Надеж“, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” во Скопје и  Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје.

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg