Коки во Еден на еден: Пробавме сè, но Дуле не сакаше да се откаже од алкохолот!
- Детали
- петок, 15 ноември 2013
Недела, во 19.40h на Алфа, единствен гостин ќе биде Никола Јанков, на јавноста познат како Коки од Дуле и Коки. Минатата сезона од Еден на Еден цела емисија се посвети само на Лино Червар, Калиопи и Фуфо, така што веќе горе долу знаеме што не очекува и овојпат.
Коки во неговото прво сосема отворено и искрено телевизиско интервју ќе проговори за најубавите и најлошите моменти од 25годишното познанство со Дуле.
Живите свирки, жените, алкохолот, бизнисот и сето она што го натерало пред 5 години да сврти лист и драстично да се промени.
Ќе зборува за тоа како Дуле истото не го прифатил, што на крај доведе и до бавен и болен распад на едно од најпознатите музички дуа. Запрашан за моментите кога се обидувале да го спасат од неминовното и најлошото, кога Дуле тврдоглаво одбивал да добие било каква помош, Коки само ќе каже - Пробавме се! За се одеше до крај, па и со ова. Не сакаше да го остави алкохолот...
Гледајте ја најновата епизода Еден на Еден, оваа недела во 19.40h на Алфа.