Women’secret во борба против ракот на дојка!
- Детали
- понеделник, 14 октомври 2013
За да го одбележи октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, шпанскиот бренд за долна облека women’secret ќе спроведе акција под мотото “women’secret и вие во борба против ракот на дојка”.
Во рамките на оваа акција со купување на било кој производ од брендот од 15 октомври до 15 ноември 2013 година, купувачите ќе донираат средства за организацијата за борба против рак БОРКА. Исто така, во продавницата на women’secret во Скопје Сити Мол ќе биде поставена и кутија за донации.
Собраните средства од акцијата ќе бидат наменти за купување на помагала кои им се потребни на жените заболени од оваа болест како што се специјални медицински градници, перики и сл.
Како дополнителен чекор во месецот посветен на борбата против ракот на дојка, women’secret ја лансира и првата колекција на градници за жени кои поради болеста имале оперативен зафат на градите, за да продолжат да се чувствуваат женствени и од внатре и од надвор.
Во соработка со организацијата за грижа за женското здравје Salud de la Mujer Dexeus, новата линија на специјални градници се состои од три основни модели од различни материјали и во неколку бои, адаптирани на потребите на жените кои имаат мастектомија.
-->
|