Катaрина Ивановска - заштитно лице на Women'secret
- Детали
- четврток, 24 јануари 2013
Катарина Ивановска е заштитно лице на кампањата пролет/лето 2013 на шпанскиот моден бренд Women’secret.
Преубавата Катарина ја претставува новата колекција која е олицетворение на женственост, сексипил, но и удобност во палета од пастелни тонови и нежни, цветни дезени.
Кампањата за Women’secret наскоро ќе биде лансирана, па така ќе имаме можност да ја гледаме нашата Катaрина на билбордите низ Скопје, во списанијата и модните портали.
Women'secret е бренд кој нуди долна облека, пижами, костими за капење и модни додатоци за соверемената жена. Брендот создава нови идеи за да го направи животот едноставен и забавен, некогаш провоцирајќи емоции, а друг пат нудејќи конкретни солуции. Women'secret е бренд создаден од и за жени.
Глобалната агенда на брендот е да се комбинира престижот, женственоста и модата со одлични цени. Women'secret е дел од Групацијата Кортефил, петта најголема групација за производство и трговија со текстил во Европа. Брендот е содаден во 1993 година, а првата продавница е отворена во Мадрид, Шпанија. Главната цел на брендот била да стане лидер во креативноста, ефикасноста и да го понуди она што им е потребно на жените во категоријата на долна облека. Успехот на компанијата е незапирлив од 2001 година кога WS почнува интернационална експанзија.
-->
-->
-->
-->
|