Славчо од Охрид ја запроси Камилле од Бразил на Канеo: „Пред 2 години ѝ кажав дека еден ден ќе ја запросам таму“
- Детали
- понеделник, 28 април 2025
„Се запознавме во Португалија и далечината ни беше проблем, но љубовта победи. Прво, јас бев во Бразил на 3 месеци, па таа беше тука 3 пати по 3 месеци. Прво место на кое ја однесов беше Канео“, вели Славчо Јованоски (24) од Охрид за CRNOBELO.com.
Славчо Јованоски (24) од Охрид ја запроси саканата Камилле Лима (22) од Рио де Жанеиро, Бразил, во неговиот роден Охрид.
За CRNOBELO.com тој споделува детали за запросувањето:
„Се запознавме во Порто, Португалија, за време на програмата Еразмус (програма на Европската Унија која поддржува размена на студенти, професори и практиканти меѓу универзитети и институции низ Европа).
Јас бев на размена на 7 месеци, а таа на 1 година.
Нашето запознавање беше случајно на забава на која разменивме Инстаграм и по 3 седмици бевме на нашиот прв состанок.
На самиот почеток далечината ни беше проблем, но после 6-7 месеци излегување одлучивме да пробаме врска на далечина.
Јас бев во Бразил на 3 месеци, таа беше тука 3 пати по 3 месеци, во рок од 2 и пол години.
Запросувањето беше на Канео во Охрид.
Искрено, очекувањата ми се исполнија и сè беше по планот, благодарение на сликарот Ристе Спироски, кој го овековечи овој специјален миг.
Канео има посебно значење за мене и Камилле поради тоа што тоа е првото место на кое ја донесов и првиот пат кога дојде пред две години ѝ реков дека еден ден таму ќе ја запросам“.
Kликнете на видеото од запросувањето:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело / фото: Ристе Спироски
Би можело да ве интересира:





