Запознајте ја партнерката на пејачот Мартинијан Кириловски - убавица од неговиот роден град (фото)
- Детали
- четврток, 17 април 2025
Мартинијан (29), кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, ужива во љубовта со кумановката Лара Денковиќ, која минатата година, на 19-годишна возраст го објави својот прв роман.
Мартинијан Кириловски од Куманово е наш пејач кој се прослави со учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Од емоција до глас, тој е комплетен пакет на сцената.
Во 2022 година настапи на концертот „Со љубов за Тоше“ во Крушево, а потоа, тој ја промовираше песната „Крал и слуга“ на Макфест, за која објави и видеоспот, и постојано е активен со музички настапи низ локалите во Македонија.
Деновиве ја промовираше својата нова песна со спот „Удри ме“.
Тој долги години е во врска со Лара Денковиќ, исто така од Куманово.
Убавата Лара е вљубеничка во пишаниот збор.
Таа во јули 2024 година го промовираше својот прв роман „Не ти, другиот“.
Романот, напишан кога имала 17 години, а кој го објави 2 години подоцна, односно на 19, е љубовна приказна испреплетена со судбината, со главниот лик Клаудија, која е млада, паметна и убава девојка со големи очекувања и многу планови.
Мартинијан и Лара уживаат во љубовта. Тие пред неговиот 29-ти роденден (24.02) го посетија Париз, а пред тоа како летни дестинации ги избраа Египет и грчкиот остров Крф.
Повеќе фотографии од нив:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





