Снежна идила во април - Охрид, Битола, Маврово побелени како среде зима (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 07 април 2025
Белата прекривка во април, со која заспаа и се разбyдија многумина е вистинско изненадување. Но, мора да признаете - пролетната снежна идила во градовите низ Македонија изгледа прекрасно, иако сите едвај ја очекуваат вистинската пролет.
Снегот што падна вчера (06.04) низ земјава беше вистинско изненадување за сите.
Пролетта наместо со сонце, годинава започна со дожд, а во дел од државава и со снег - како зимата да не сака да си замине.
Охрид, Битола, Крушево и Маврово побелеа, а снег, иако малку, паѓаше и во Скопје.
Скопје
Некои му се израдуваа, други и понатаму не можат да поверуваат дека синоќа си легнаа со преку 10cm снег и денес се разбудија со снежна покривка.
И колку и да е неверојатно, сликата од снегот во април е сепак идилична и измамува насмевка.
Погледнете ги фотографиите од снежна Македонија:
Охрид
Крушево
Маврово
Битола
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





