Тијана и Тамара го прославија 80-тиот роденден на татко им: „Да си ни жив и здрав“
- Детали
- понеделник, 07 април 2025
„Дедо, да си ни жив и здрав“ - напиша Тамара на фотографијата, а на која целото семејство ги дува свеќичките на роденденската торта.
Велко Тодевски, таткото на Тамара и Тијана, наполни 80 години.
Пензионираниот професор по контрабас на Факултетот за музичка уметност го прослави големиот јубилеен роденден во познат скопски ресторан со најблиските, но и со многу пријатели.
Целиот ресторан беше украсен со бели рози и кали.
Свеќичките на роденденската торта Велко Тодевски ги дувна заедно со ќерките и внуците Хана и Дарен.
„Дедо, да си ни здрав и жив“ - напиша Тамара на фотографијата што ја објави на Инстаграм Стори.
И Тамара и Тијана се многу блиски со својот татко.
Тамара неодамна беше со него на фудбалскиот натпревар Македонија-Велс, од квалификациите за Светското првенство 2026.
Пред само еден месец, сестрите го прославија и роденденот на нивната мајка Брана.
Прочитајте и Тамара и Тијана ѝ го прославија роденденот на мајка им - со торта со внуците и тон љубов (фото)
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





