Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Приказна со среќен крај: Гордана, која го крена цело Скопје на нозе, го пронајде своето исчезнато куче Зои

Пред оваа објава Гордана сподели дека нивната голгота траела 13 дена и ја објаснува целата ситуација:

„Должам објаснување, на сите вас, добри луѓе, кои со помош, поддршка и љубов, 13 дена бевте со нашата голгота.

Имено од првиот ден кога Зои избега, исплашена (со поводник), од врескање на бесни хулигани, невоспитани, дрски ученици во парк во Аеродром, во правец на Џевахир, почна потрагата по неа. Без помош од сите вас, во сите групи, со совети каде, што, како да ја бараме, немаше да успееме.

Поставивме летоци со слика од Зои и мојот мобилен број насекаде, каде што би виделе, повеќе луѓе.

prikazna-so-srekjen-kraj-gordana-koja-go-krena-celo-skopje-na-noze-go-pronajde-svoeto-ischeznato-kuche-zoi-07.jpg

Сопругот, јас и синот по дојави каде е видена (и невидена) Зои, одевме секоја ноќ, преку ден, и рано наутро.

Пријавивме во полиција, претходно кај мобилниот оператор, да постави идентификатор, затоа што од непознат број, ни звонеше некој, кој ни ја пушти на спикер Зои како тажи.

Почнав да објавувам во сите групи за миленици, секојдневно за сите дојави, видена, невидена Зои, со ваши предлози што, и како да правиме. Бидејќи полицијата сметаше дека немам закани, уцени, едвај успеав барање со записник да ми направат (пријава).

И ми рекоа за 7 работни дена, ќе ме известат.

prikazna-so-srekjen-kraj-gordana-koja-go-krena-celo-skopje-na-noze-go-pronajde-svoeto-ischeznato-kuche-zoi-08.jpg

Со несебична, деноноќна помош од активистите на невладини организации, здруженија, постапував и откривав чудни, несфатливи лажни дојави, на мојот мобилен.

Морам да нагласам: немам секогаш интернет на мобилниот, припејд ми е, компјутер дома немаме, автомобил немаме, се снаоѓавме.

Тоа што јас некои групи сум ги вознемирила, трпеле недолични фотографии (сум глумела болест, па брза помош, болници), се извинувам, можел администраторот да не ги одобри.

И на крајот како ја најдов ЗОИ...

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg