Приказна со среќен крај: Гордана, која го крена цело Скопје на нозе, го пронајде своето исчезнато куче Зои
- Детали
- понеделник, 24 февруари 2025
„Накратко сакам да ви кажам дека јас сум медицинска сестра во старата Градска болница на oдделот хирургија, со 42 години работен стаж... Не можам да ви одговорам на 100-тината пораки и да ви заблагодарам. Ве сакам луѓе бескрајно од срце“, напиша Гордана Брњарчевска Дренкоска по пронаоѓањето на нејзиното куче Зои.
Гордана Брњарчевска Дренкоска живее во Скопје и е медицинска сестра во старата Градска болница на одделот хирургија, со 42 години работен стаж.
Таа во последните две седмици живееше навистина тешки денови, по исчезнувањето на нејзиното куче Зои.
За целата болка таа јавно пишуваше на Фејсбук, а нејзината љубов кон миленичката Зои, допре до сечие срце.
Сега, Гордана и Зои повторно се во прегратка, а таа им заблагодараи на сите добри и хумани луѓе кои ѝ помогнале во процесот на пронаоѓање на Зои.
Гордана, додека ја бараше својата Зои, пролеа многу солзи, а од тага и грижа сподели дека завршила дури и во болница на инфузија.
На Фејсбук, по пронаоѓањето на Зои, таа напиша:
„Не можам и не знам како да ви возвратам за секој изминат ден, ноќ, несебично бевте хумани, со љубов, емпатија, сплотени да ни помогнете, да ја вратиме слободата на Зои.
Oва утро, недела (23.02) ден кога среќата ни е заедничка, срцата полни со радост, дека сакаме живот, сите сме Зои. Ви благодарам до небо.
Накратко сакам да ви кажам дека јас сум медицинска сестра во старата Градска болница на oдделот хирургија, со 42 години работен стаж.
Тоа е една хумана, благородна професија која ми е ЉУБОВ. Од секое село и град во Македонија, имам барем по еден член од семејства, на кои сум помогнала да оздрават.
Живеам од БЛАГОСЛОВОТ што ми го даваат. За сите луѓе кои не ме познавате, можеби оваа борба за спасување на невино кутре, гледано од повеќе аспекти, со постирање на фотографии, емотивни објави, ве оптоварив со нашата голгота, свесна дека не треба така, не сакав глума, атракција, сензација да правам...
Бев искрена, барав помош и верувајте ми успехот е ваш.
Затоа, јас Гордана Брњарчевска Дренкоска, ја продолжувам битката за правда, по закон и ред, да одговараат сите што ме донесоа до ова дереџе.
Нема да се смирам додека сите со име и презиме, кои наштетија на моето семејство не одговараат. Да спречиме некое следно Зои да страда.
Борбата продолжува, заедно сме посилни.
П. С. Немам компјутер, со едно скапано мобилче, со очила тегли, не можам да ви одговорам на 100-тината пораки, поединечно да ви заблагодарам. Ве сакам луѓе бескрајно од срце“.
На следната страница Гордана ја раскажува нејзината 13-дневна голгота...
Би можело да ве интересира:





