Се ожени македонскиот одбојкарски репрезентативец Шаби, по месец и половина од запросувањето (фото)
- Детали
- вторник, 18 февруари 2025
По кратко состанување, Дарко Ангеловски - Шаби ја запроси саканата Меги во авион во јануари, а сега парот си кажа „да“ и во црква, па славеа со саканите во скопски ресторан.
Дарко Ангеловски - Шаби од Скопје е македонски одбојкарски репрезентативец, кој работи и како пожарникар.
Со одбојка се занимава веќе 15 години, но вели дека инстантно се вљубил и во хуманоста и тимската работа која е дел од пожарникарството.
Тој за време на авионски лет ја запроси саканата Меги, а сега, кон средината на февруари, направија и свадбена прослава.
Парот си кажа „да“ и во црква, па славеше во еден скопски ресторан, а Шаби сподели фотографии од овој прекрасен ден на својот Инстаграм профил, во чиј опис напиша: „Моментиште“.
Двајцата блескаа со насмевки и уживаа во нивниот значаен ден со најблиските.
„Црковна венчавка направивме во црквата Свети Димитрија, а прославата со матично беше во скопскиот ресторан Лозница“, вели Шаби за CRNOBELO.com.
Фотографии од свадбата:
Повеќе фотографии од свадбата на следната страница...
Би можело да ве интересира:





