Славчо Попоски, метеоролог: „Оваа недела постудено време, со температури и до -10 степени Целзиусови“

„Наутро температурите во делови и од Македонија, особено во Пелагониско и беровскиот регион, ќе се спуштат и до околу -10 степени Целзиусови“, вели Славчо Попоски за претстојната недела.

slavcho-poposki-meteorolog-ovaa-nedela-postudeno-vreme-so-temperaturi-i-do-10-stepeni-celziusovi-01.jpg

Оваа зима не почувствуваме некој голем студ и температурите главно се над нулата.

На пониските места, немаше ни многу врнежи од снег.

Сепак, во првата недела од февруари изгледа ќе го почувствуваме зимскиот студ, со утрински температури и до -10 степени Целзиусови.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Во текот на оваа работна седмица во Македонија ќе имаме значително поладно време, односно ќе бидеме под влијание на ладна и на релативно сува воздушна маса која ќе продира од истокот и од североистокот на Европа.

Температурите позначително ќе опаднат, особено во ноќните и во утринските часови, кога минималните температури насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, особено од оваа среда.

slavcho-poposki-meteorolog-ovaa-nedela-postudeno-vreme-so-temperaturi-i-do-10-stepeni-celziusovi-02.JPG

Повремено ќе засилува ветер од северен правец, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди.

Наутро температурите во делови од Македонија, особено во Пелагониско, беровскиот регион, како и на планинските места, вклучувајќи ги и скијачките центри, температурите ќе се спуштат и до околу -10 степени Целзиусови.

slavcho-poposki-meteorolog-ovaa-nedela-postudeno-vreme-so-temperaturi-i-do-10-stepeni-celziusovi-03.JPG

Преку ден, пак, температурите исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени Целзиусови.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите делови од Македонија“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекува вистинска пролет, следната недела температури и до 20 степен... „Времето во следните денови ќе остане топло, со пролетни температури на воздухот...
Славчо Попоски, метеоролог: „Поројни дождови и можна појава на првиот мраз за оваа сезона“ „Наутро, на многу места температурите ќе се спуштат под 10 степени Целзиусови, а...
Македонија пак се откажа од Евровизија - трета година по ред без претставник на музичкиот фестивал Нашата земја нема да има свој претставник на натпреварот кој ќе се одржи од 13 д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg