Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам со деца?“
„Точно е, но има и подобро. Ако и вие поминувате низ вакви исти или слични ситуации, се наоѓате во токсична врска или брак, не се чувствувате безбедно, да знаете дека не сте сами и ве советувам да побарате помош“ - вели Јелена на крајот.
Поттикнати од нејзиното видео, неколку жени ѝ испратија пораки на Спенџарска и ѝ ја раскажаа својата приказна.
„Многу пати сум кажала дека ако нешто најмногу сакам, тоа е нашата комуникација на Инстаграм.
После видеото добив многу искрени пораки од вас, како и вие сте преживеале помалку или повеќе исти ситуации и како сте успеале да најдете сила во себе и да се спасите од таков однос.
Овие работи не се воопшто лесни и затоа кога ќе слушнам дека некој живеел во таков страв и успеал да застане зад себе и да си рече ‘Доста е со страдање!’, некако тие луѓе имаат посебно место во моите очи.
Но, дали знаете колку вакви жени има?
Затоа Јелена, без да го открие идентитетот на една од жените, реши јавно да ја објави нејзината порака:
„Јас, Јелена, не се жалам, искрено. Пеколен брак имам, ама каде со деца? Седи и ќути, трпи оболуење, тоа е.“
На ова, Јелена вели:
„Не да се жалам??? Ова во превод го сфаќам дека жената е толку многу навикната на пеколниот брак, што за неа тоа е веќе нормално, и зошто да се жалиме за тоа што е нормално? Не е, луѓе мои, не е ова нормално!
Затоа снимаме вакви содржини, затоа збориме на вакви теми, снимаме подкасти, одиме по телевизии и што ли уште не - за сите да знаат дека има таму некој кој може да ве згрижи, да ви помогне, да ве заштити.
Кај нас постојат многу организации и здруженија за заштита на жените од насилство, зошто ви е уште срамота да побарате помош? Барем денес живееме во едно друго време каде не е срамота да се разведеш, го надминавме тоа веќе!
Верувај, не ги штитиш децата ако останеш во ваков брак, напротив - ги учиш дека тоа така треба и еден ден тие ќе ги повторат твоите стапки и ќе се задоволат и самите со таков ист партнер! Тоа ли сакаш, да ти бидат децата несреќни?
Ве молам, барем малку размислете, што е тоа што ве тера да останете во отровни врски и бракови? Што и да е, можете за истото да се изборите и самите, не е невозможно.
Знам дека ова е подлабок проблем и стварно е вкоренет длабоко кај нас, но времињата се менуваат. Можности имате насекаде, само една одлука ве дели од подобар живот! Вашата!“
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело