Калтрина направи моќна фотосесија на коњ во Египет - грациозна и елегантна во бело
- Детали
- четврток, 16 јануари 2025
Пред пирамидите во Гиза, Калтрина направи фасцинантни фотографии - качена на коњ, кој се крева на задните нозе, додека таа позира со насмевка на лицето и покрај (по малку) застрашувачкиот момент.
Калтрина Круезиу, професорка по солфеж, мејкап артист и инфлуенсерка, го привлекува вниманието каде и да се појави.
Ништо поинаку не беше ни при нејзиното неодамнешно патување во Египет.
Калтрина ужива во египетското сонце, локалната храна, но и при посетата на познатиот Голем музеј на Египет во Каиро, и пирамидите во Гиза.
И токму таму, пред древните пирамиди, Калтрина направи фасцинантни фотографии - качена на коњ, кој се крева на задните нозе, додека таа позира со насмевка на лицето и покрај (по малку) застрашувачкиот момент.
„Еден момент, илјада животи“ - напиша таа на Инстаграм.
Иако на прва можеби делува дека фотографиите се фотошопирани, поради поставеноста на коњот и смирениот лик на Калтрина, сепак, станува збор за вистинска фотка.
На Инстаграм профилот egypt_adhammohamedph, се објавени видеа на кои може да се види како изгледаат фотосесиите (меѓу другото) со грандиозните коњи.
Погледнете го видеото:
Повеќе фотографии од патувањето на Калтрина во Египет:
А. Ј. | Црнобело