Маја Кикириткова со емотивна исповед за роденденот на ќерка си (5): „Го разбудив сопругот плачејќи да ме носи во болница“
Го разбудив Александар плачејќи, однеси ме во болница, ќе се пораѓам.
Му се јавив на мојот спасител д-р Тофовски, рече дојди веднаш.
Ситуацијата не беше сјајна, повторно одлепена плацента, правеа сѐ за да поминат денови, саати, минути, но пред 12 часот ми рекоа, мајка мора да те породиме, ситуацијата не е добра, во прашање е животот на детето.
Плачам и викам, неееее, моето дете не треба да се роди сега, не сакам повторно предвремено родено дете, не сакам повторно стрес, не сакам дете во инкубатор…
Но кој ме прашуваше мене, тука се работеше за живот или смрт. Ме однесоа во сала, итен царски и во 12:05 се роди едно мало девојче, од неполни 2 килограми. Име не му знаевме, само се молев сѐ да биде во ред.
Тоа девојче денес полни цели 5 години, тоа девојче е мојот воздух, тоа девојче ме прави горда мајка!
Среќен роденден среќо моја, биди таква каква што си, борбена и своја“.
Прочитајте и Маја Кикириткова за предвремено родените син и ќерка: „Со двете деца ми се одлепи плацентата, иако имав уредна бременост“
С. С. | Црнобело