Маја Кикириткова со емотивна исповед за роденденот на ќерка си (5): „Го разбудив сопругот плачејќи да ме носи во болница“
- Детали
- вторник, 14 јануари 2025
„13-ти јануари 2020, Василица, сопругот Александар отиде на Стара Нова Година, синот Лазар само што наполни 2 години. Јас трудна, 33 недела, дома со него. Лазар заспа, легнав и јас, но некое чудно чувство ме облеваше...“, ја започнува својата приказна Маја Кикириткова.
Модната дизајнерка Маја Кикириткова, чии син Лазар (7) и ќерка Ева (5) се родени предвреме, со искрена и емотивна објава на Инстаграм, проговори за раѓањето на нејзината ќерка Ева и стресовите кои ги имала притоа.
Таа проговори на темата по повод роденденот на Ева.
Денес (14.11) Ева полни 5 години, иако веќе порано го прослави роденденот заедно со своето братче Лазар, кој е роден на крајот од декември (22.12).
Објавата на Маја Кикириткова гласи:
„13-ти јануари 2020, Василица, сопругот Александар отиде на Стара Нова Година, Лазар само што наполни 2 години.
Јас трудна, 33 недела, дома со него. Дете заспа, легнав и јас, но некое чудно чувство ме облеваше.
Само што се вселивме во куќата, ‘роварев’ по интернет и барав каде може да купам пампас.
Будна до 2 часот после полноќ, знаев дека нешто не е во ред. Си велев, само да не е она на што мислам, само да не е повторно истото, само да не се породам…
Некако сум заспала неколку саати, станав пред 6 часот, отидов во тоалет и повторно истата ситуација, повторно прокрварена…