Жарко Димоски со сопругата и синот ужива на Малдиви - актерот е пофит од кога било (фото)
- Детали
- вторник, 14 јануари 2025
По речиси 3 години, актерот, кој живее и работи во Белград, повторно ужива на Малдиви со сопругата Андреа, но овој пат со нив е и нивниот син Вито (1). Малдиви е секогаш добар избор за Жарко Димоски, кој изгледа пофит од кога било.
Актерот и водител Жарко Димоски се ожени во 2020 година во Ровињ со прекрасна црковна венчавка, но, поради пандемијата, тој во 2022 година направи свадба со својата сакана Андреа од Кавадарци, а парот отиде на меден месец на Малдиви.
Жарко и Андреа на меден месец на Малдиви во 2022-ра
Сега, речиси 3 години подоцна, парот повторно замина на одмор на оваа дестинација, но овој пат во друштво на нивниот 1-годишен син Вито.
Од рајски плажи до тиркизен океан, парот го знае вистинскиот рецепт за релаксација, по работните обврски на Жарко во театарот „Одеон“ во Белград.
Жарко објави фотографии од Малдиви, на кои покажа дека е во фит форма.