Викторија Лоба на зимување во Италија - објави ретка фотка со сопругот, ужива во скијањето
- Детали
- среда, 08 јануари 2025
Зимско сонце, скијање во Вал Гардена, вкусна пица... Викторија Лоба на социјалните мрежи споделува моменти од зимувањето во Италија.
Викторија Лоба веќе неколку дена е во Вал Гардена, познат скијачки центар во Доломити (планински венец во североисточниот дел на Италија).
Пејачката е во друштво на сопругот Ѓорѓи и неколку нивни пријатели.
Викторија е позната како страстен скијач и љубител на зимата и секоја година и по неколкупати оди на скијање.
Таа и овој пат ужива во времето поминато на планина, па секојдневно објавува фотографии и видеа на Инстаграм Стори и споделува интересни моменти од патувањето со своите следбеници.
Лоба објави и неколку фотографии со сопругот и тоа се едни од ретките заеднички моменти со него кои Викторија ги сподели на своите социјални мрежи.
Тие позираат прегрнати пред хотел, но и на скијачка патека на планината.
Пејачката не криеше дека е воодушевена од планинското гратче и околината, но и од италијанската храна - пицата и слатките специјалитети.