Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Компанијата Вива внесе празнична магија во болничките ходници, со донација на новогодишни пакетчиња за најмладите пациенти во Универзитетската клиника за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, во Скопје.

viva-so-novogodishna-donacija-vnese-praznichna-atmosfera-vo-detskite-bolnici-02.JPG

Овие моменти беа исполнети со искрена благодарност и возбуда. Насмевките на децата и нивните блескави очи се доказ дека малите гестови создаваат големи радости. Новогодишните пакетчиња, полни со внимателно избрани сокови и овошни каши направени од 100% овошје, беа мала, но значајна порака дека грижата за децата треба да биде врвен приоритет.

viva-so-novogodishna-donacija-vnese-praznichna-atmosfera-vo-detskite-bolnici-03.JPG

viva-so-novogodishna-donacija-vnese-praznichna-atmosfera-vo-detskite-bolnici-04.JPG

„Децата секогаш се во центарот на нашите активности. Како општествено одговорна компанија, се стремиме не само да ги израдуваме, туку и да ги едуцираме за здравите навики уште од најмала возраст. Затоа, производите во пакетчињата се 100% природни и содржат витамини и минерали, токму кога им се најпотребни на децата. Секое насмеано лице и секој момент на радост за нас е непроценлив, и со оваа донација сакавме да внесеме празнична еуфорија во нивното секојдневие,“ велат од менаџментот на Вива.

viva-so-novogodishna-donacija-vnese-praznichna-atmosfera-vo-detskite-bolnici-01.JPG

Во годината кога Вива го одбележа својот 30-годишен јубилеј, оваа донација е уште еден доказ за посветеноста кон најмладите и придонесот кон пошироката заедница. Празниците се време кога најмногу се чувствува важноста на споделувањето и грижата за другите, а оваа иницијатива е потсетник дека радоста што ја даруваме е најубавиот подарок што можеме да го дадеме.

Би можело да ве интересира:

Вива ја има тајната за енергични зимски денови Со доаѓањето на студените месеци, здравјето станува приоритет, а Вива ја нуди со...
Малите херои Вукашин и Ана заѕвонеа на ѕвончето во Детската клиника во Скопје - се изборија лавовски... „Дај Боже секое детенце кое се бори со ваква состојба (нема да ја наречам болест...
Елена Најдоски ужива во празничната магија во Виена - во совршени модни изданија (фото) Елена Најдоски се прошета во некои од најдобрите модни изданија досега за време ...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тамара Тодевска и Катарина Ивановска со децата на Матка: Со бротче низ клисурата, ја посетија пештер... И покрај студеното време и температури околу нулата, Тамара и Катарина ги одведо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg