Софија Николовска е експерт за сармички: „Ги редам во форма на македонското сонце и имам трик при подготовката“
Сакаме сарма која е сочна и се топи во устата. Затоа, ја „печам“ под капак, во рерна минимум три часа на 180°С.
При крајот ја откривам, ја попарувам со жешко масло и полна лажичка црвен пипер, па ја враќам да се потпече уште половина час.
Правам и сарма од лозов лист.
Имаме викендичка во Матка и на пролет собираме млади лозови листови за сарма. Се собираат само тенките и мазни листови, се обаруваат кратко и со нив виткам сармички со мелено месо и ориз.
Оваа сарма ја служам со кисело млеко и ми е исто толку омилена, како и онаа од кисела зелка.
Сезонски ги правам и двата вида. Готвам и месам многу, сакам да ги хранам моите најблиски, но со посебна гордост ги спремам и служам моите сармички подготвени на македонски начин“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело