Софија Николовска е експерт за сармички: „Ги редам во форма на македонското сонце и имам трик при подготовката“

„Уживам да готвам за моето семејство. Порасната сум со домашно зготвена, традиционална македонска храна и моите најубави сеќавања од детството се поврзани со храната на мојата покојна мајка“, вели Софија Николовска од Скопје за CRNOBELO.com.

sofija-nikolovska-e-ekspert-za-sarmichki-gi-redam-vo-forma-na-makedonskoto-sonce-i-imam-trik-pri-podgotovkata-01.jpg

Софија Николовска од Скопје, сметководител по професија и мајка на 19-годишниот Дарко, обожава готвење, а омилено ѝ е да прави сармички за своето семејство.

Во екот на славите, таа за CRNOBELO.com ги открива своите трикови при подготовката, како и тоа што ѝ се допаѓа повеќе – сарма со кисела зелка или сарма со лозов лист.

Софија за CRNOBELO.com вели:

„Уживам да готвам за моето семејство, тоа е еден од начините преку кои им ја искажувам мојата љубов и грижа.

Порасната сум со домашно зготвена, традиционална македонска храна и моите најубави сеќавања од детството се поврзани со храната на мојата покојна мајка.

sofija-nikolovska-e-ekspert-za-sarmichki-gi-redam-vo-forma-na-makedonskoto-sonce-i-imam-trik-pri-podgotovkata-13.jpg

Миризбата која се шири од домашниот ручек знае да ме врати во конкретни сегменти од детството. Тие сеќавања се од непроценлива вредност и настојувам да ги создадам кај син ми.

sofija-nikolovska-e-ekspert-za-sarmichki-gi-redam-vo-forma-na-makedonskoto-sonce-i-imam-trik-pri-podgotovkata-10.jpg

Еден од моите омилени рецепти е сармата. Сармата е јадење кое бара да му се посветиш малку повеќе за да се постигне тој автентичен вкус и изглед.

sofija-nikolovska-e-ekspert-za-sarmichki-gi-redam-vo-forma-na-makedonskoto-sonce-i-imam-trik-pri-podgotovkata-03.jpg

Во овој дел од годината стасува зелката, и почесто правам сарма од кисела зелка. Особено омилена ми е посната сарма што ја спремам по повод именденот на татко ми Никола.

sofija-nikolovska-e-ekspert-za-sarmichki-gi-redam-vo-forma-na-makedonskoto-sonce-i-imam-trik-pri-podgotovkata-04.jpg

Традиционално се спрема смеса од ситно исечкан и пропржен праз, ориз, масло и зачини со кои се полнат листови од кисела зелка, мотајќи ги во форма на сармички.

sofija-nikolovska-e-ekspert-za-sarmichki-gi-redam-vo-forma-na-makedonskoto-sonce-i-imam-trik-pri-podgotovkata-02.jpg

Морам да кажам дека сармичките ги виткам со рака, не користам машинка.

Најчесто сакам да ги наредам кружно во форма на македонското сонце.

sofija-nikolovska-e-ekspert-za-sarmichki-gi-redam-vo-forma-na-makedonskoto-sonce-i-imam-trik-pri-podgotovkata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синот на Драган Спасов Дац, Јаков, и сопругата Софија очекуваат второ дете „И одеднаш, сите планови станаа за четворица“, стои во описот на Инстаграм објав...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Марјана од Прилеп направи 500 сармички за Св. Никола: „Ги правев 8 часа, помали се од лажичка“ „Имало години кога сум правела и до 1.000 сармички, но годинава се 500. За подго...
Виктор од Велес: „Моментално се грижам за 60 кучиња, како и за 3 спасени коњи, 2 кози и една овца“ „Моментално имам свое прифатилиште каде се грижам за повеќе од 60 кучиња, сите с...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg